Поврзете се со нас

Свет

Ертел го сочека крајот на ЕП и потпиша за Зенит

Објавено

на

Томас Ертел во иднина ќе настапува во руски клуб, а со тоа веројатно ќе го загуби местото во националниот тим.

Француската кошаркарска федерација јасно им нагласи на своите репрезентативци дека нема да можат да бидат дел од националниот тим ако настапуваат за клубови во Русија и Белорусија, а Ертел и неговите колеги потпишаа и посебна декларација пред почетокот на Европското првенство.

По завршувањето на ЕП, Ертел сепак реши да потпише за Зенит и ќе соработува со Чави Пасквал, кој е тренер на тимот од Ст. Петербург. Со овој потег 33-годишниот кошаркар се елиминира од националниот тим на две години пред Олимпијадата која ќе се одржува во Париз.

Зенит нема право да учествува во европските купови, па главната амбиција ќе биде освојување на ВБТ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни