Ернандез за одлуката на Гризман: Тој го избра Атлетико…

ernandez i grizman

Луказ Ернандез е еден од играчите кој добро го познава Антоан Гризман со оглед на тоа што со него соработува на клупски план (Атлетико Мадрид) и во репрезентацијата на Франција.

Поради тоа Ернандез може да даде одговор на доста интересни и жешки прашања, па така дефанзивецот откри дека напаѓачот ја донесе одлуката да остане во Атлетико пред еден месец или поточно со тоа потврди дека целиот овој период и документарецот за одлуката која беше соопштена пред некој ден била само шоу и театар.

Ова Лукас го откри при неговиот одговор за настапот и критиките кои Гризман ги доби за средбата против Австралија.

-Мислам дека одлука ја донесе пред еден месец. Видеото сега беше објавено, но тоа не му беше на ум. Размислува само за СП и 100 проценти е мотивиран. Можеби беше изморен поради жестината, напорот на мечот, но не верувам дека имаше врска со видеото, бидејќи одамна тоа беше завршено, -рече Ернандез.

Facebook Коментари