Поврзете се со нас

Олимписки игри

Ернандез: Не уништи, Дончиќ е најдобриот играч на светот

Објавено

на

Словенија имаше идеален старт на Олимписките Игри, а за тоа се погрижи кој друг ако не Лука Дончиќ кој имаше луда, неверојатна партија против Аргентина како ова да е меч од НБА лигата.

Дончиќ за 31 минута на паркетот уфрли 48 поени со 11 скокови и 5 асистенции, односно со ова овозможи неговиот национален тим да слави со 118-100. Сосема очекувано по една вакво страшно издание Дончиќ да добива комплименти од сите страни, а дел од нив дојдоа од предводникот на „гаучосите“, Серхио Ернандез.

-Тешко е да се анализира натпревар кога еден поединец е толку доминантен. Јас го реков тоа пред две години, сега ќе повторам. Лука е најдобриот играч на светот. Дончиќ брзо го прочита нашиот дефанзивен план и не уништи. Тој не принуди да ја смениме стратегијата. Звучи како изговор, но немавме решение за тоа, -истакна Ернандез.

Сличен став имаше и плејмејкерот Факундо Кампацо.

-Игравме во ритамот на Дончиќ. Што и да пробавме имаше одговор за сè. Кога ќе извршивме уште поголем притисок, тој играше за тимот. Тој нè уништи, -рече Кампацо.

Аргентина во второто коло се соочува со Шпанија, Словенците пак играат со домаќинот Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни