Поврзете се со нас

Италија

Ернандез испиша историја и го мина легендарниот Малдини: Ова е неверојатно…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан со пресврт дојде до трите бода на вчерашното гостување кај Комо во Серија А, победа која беше прва за новиот тренер Консеисао во италијанскиот шампионат.

Еден од погодоците за „росонерите“ постигна францускиот репрезентативец Тео Ернандез, а тоа беше доволно да испише нова историја во „црвено-црниот“ дрес.

Имено Тео го мина легендарниот Паоло Малдини и со 30 постигнати гола стана дефанзивецот со најмногу постигнати голови во Калчо лигата.

-Многу сум среќен што овде испишувам историја. Милан топло ме пречека уште од првиот ден, па да го надминам мојот идол Паоло Малдини е неверојатно. Сега мора да продолжиме вака и сакам да продолжам да постигнувам многу голови за овој клуб, -порача левиот бек.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни