Поврзете се со нас

Италија

Тео се израдува на погодокот, но брзо се запозна со суровото пенал-правило и остана без гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

За првпат после 1955-та година, Милан не реализираше два пенали на еден натпревар во италијанската Серија А, случај кој последно бил виде на натпревар на „росонерите“ на дуел против СПАЛ.

Речиси 70 години подоцна, тимот на Стефано Пиоли повтори идентична слика на „Сан Сиро“ и играчите на Милан се погрижија за два промашени пенали, а во случајот трагичари беа Оливие Жиру и Тео Ернандес.

Французинот беше прочитан од страна на голманот Скорупски, додека Ернандес го погоди дирекот, а иако се израдува на голот кој го постигна од одбиена топка, брзо се запозна со правилото кое не го знаат и дел од фудбалерите.

Левиот бек погоди во мрежата на Скорупски по одбиената топка, но судијата Маса веднаш сфати дека се работи за недозволена ситуација поради суровото фудбалско правило за изведување прекини.

– Ако после изведен пенал, топката прва пристигне до изведувачот пред да биде допрена од друг играч, се досудува индирект во корист на противничкиот тим, – гласи правилото на ФИФА, со кое вчера на најлош начин се запозна и Тео.

Ернандес почна да го слави голот и водството за неговиот тим, но славјето брзо беше прекинато и сите играчи на Милан добија објаснување зошто погодокот е нерегуларен.

Ова се случи при резултат 1:1, а иако Лофтус Чик со втор гол погоди за 2:1, на крајот Болоња успеа да израмни на 2:2 и извлече бод од тешкото гостување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни