Поврзете се со нас

Италија

Ернандес образложи зошто тој и Леао не ги слушале инструкциите од тренерот Фонсека

Објавено

на

Пауло Фонсека брзо се соочува со сериозен притисок во Милан и сигурно нема уште долго да се толерираат вакви резултати, а во прилог не му оди и однесувањата на двете ѕвезди кои вчера ги изостави од стартниот тим.

Милан не забележа победа во првите три кола во Серија А и освои само два од максимални девет бода, а вчерашното реми со Лацио донесе и сцена која брзо стана вирален хит.

Експресно по голот на Рафа Леао за 2:2, судијата ги испрати фудбалерите на прекин за освежување и тренерите добија шанса да испорачаат завршни инструкции, но двајцата играчи на Милан не беа дел од групниот собир.

Ова беше протолкувано како јасно игнорирање на Фонсека од страна на Рафа Леао и Тео Ернандес, фудбалери кои очигледно беа шокирани што не се најдоа во стартната постава на „Олимпико“.

И покрај тоа што Фонсека засега не ужива големи симпатии, фановите на Милан ги осудија потезите на Леао и Тео, бидејќи двајцата решија да останат на другата страна на теренот и воопшто да не се приближат до тренерот и соиграчите.

– Самошто влеговме во игра и две минути бевме на теренот, не ни беше потребна пауза за освежување. Подготвени сме да му помогнеме на тимот и да победиме што е можно побрзо. Немаме ништо против тренерот и тимот, ние сме заедно во ова. Знам дека луѓето веќе зборуваат за таа ситуација, но има многу невистина во јавноста. Јас и Рафа секогаш сме дел од тимот и тука сме за да помогнеме, тоа е најважно, – изјави Ернандес.

Лоша слика за „росонерите“: Фонсека делеше инструкции, двете големи ѕвезди брутално го игнорираа тренерот на Милан (Видео)

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни