Поврзете се со нас

Свет

Ериксон откри со каков гест бил изненаден од Бекси: Тоа е големиот Дејвид Бекам!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Свен Горан Ериксон ја трогна јавносота кога соопшти дека боледува од рак кој е во терминална фаза, по што цело фудбалско семејство се солидаризираше и се погрижи последните денови од животот да бидат најубави и незаборавни за прославениот шведски тренер.

Ериксон беше дел од неколку ревијални натпервари и ја почувствува љубова од сите кои соработуваа со него, а доби и уникатна шанса да го води Ливерпул, тимот кој најмногу го сакал.

Швеѓанецот беше нагостен од Јирген Клоп и сите вработени во клубот и доживеа специјални моменти на „Енфилд Роуд“, но сега самиот открива дека бил пријатно изненаден од својот капитен Дејвид Бекам.

– Откако сооштив дека боледувам од терминален рак, патував низ цела Шведска, Англија, Италија и Португалија. Многупати се расплакав од хуманоста на луѓето. Во нормални услови, сите зборуваат добро за луѓето откако ќе починат, јас сум среќен што тоа го слушам додека сум жив. Цел свет знае дека сум болен, но засега се држам. Лекарите се уште немаат одговор уште колку ќе издржам, но најдобро е никој да не знае.

– Ме трогнуваат моменти како оној пред една недела. Добив посета од мојот некогашен капитен на Англија, Дејвид Бекам. Дејвид ми се јави и ми кажа дека ќе дојде да ме посети. Тоа доволно кажува кој е големиот Дејвид Бекам. Немаше потреба да доаѓа кај мене, но сакаше да го направи тоа. Пристигна со шест специјални шишиња вино, а едно беше од берба од 1948 година, годината кога сум роден. Тоа е Дејвид кој јас го запознав, личност која е неверојатно добра, – потенцира Ериксон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни