Поврзете се со нас

Свет

Ериксон испрати последно збогум: Се надевам дека ќе ме паметите како……. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Свен Геран Ериксон самиот соопшти дека е во последната фаза од својот живот поради откриена тешка фаза на канцер во неговиот организам, па во ситуација кога ги живее последните месеци, фудбалскиот свет се погрижи истите да останат вечно во сеќавање.

Ериксон доби проштални натпревари во родната Шведска и англискиот великан Ливерпул му ја исполни желбата да го води тимот на „Енфилд Роуд“, откако претходно легендарниот стручњак самиот призна дека тоа му е единствен неоставарен сон во кариерата.

Ериксон доби шанса да го прави тоа и преживеа попладне со многу емоции во домот на Ливерпул, но наскоро ќе стане повторно доста популарен во јавноста поради документарецот кој го подготви со „Амазон Прајм“.

Во најавата за неговата промоција, медиумите веќе извлекоа дел во кој Ериксон испраќа финално збогум до фудбалскиот свет, велејќи им на фановите да го паметат како позитивна личност која дала максимум на секое поле.

– Имав добар живот. Мислам дека сите луѓе се исплашени од смртта, но смртта е дел од животот. Мора да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека луѓето на крајот ќе велат „тој беше добар човек“. Но, знам дека нема сите да го кажат тоа.

– Се надевам дека ќе ме паметите како позитивен човек кој се обидуваше да направи се што може. Немој да жалите, насмевнете се. Ви благодарам за се. Тренери, играчи, навивачи, сите бевте фантастични. Грижете се за себе и грижете се за својот живот. Живејте го животот. Збогум, – гласи пораката на смртно болниот Ериксон.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни