Поврзете се со нас

Свет

Ериксен со куп пофалби за Лука Модриќ: На хартија има 37 години, но…

Објавено

на

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен упати само пофални зборови за Лука Модриќ против кого играше во текот на вчерашниот ден.

Данска во Копенхаген ја пречека селекцијата на Хрватска во рамките од Лигата на нациите, а „коцкестите“ го добија овој натпревар со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Марио Пашалиќ во 69. минута од средбата.

По натпреварто свое видување даде токму Ериксен кој не пропушти прилика да го пофали својот поискусен колега кој игра на врвно ниво иако има 37 години.

– Модриќ е посебен играч. На хартија има 37 години, но тоа не изгледа така на теренот. Уживаш да играш против него, а посебно со него, -изјави Кристијан Ериксен.

Данскиот репрезентативец по репрезентативните настапи ќе треба да донесе одлука во кој тим ќе ја продолжи својата кариера.

По срцевите проблеми, Ериксен се врати во тимот на Брентфорд и одигра одлични шест месеци во Премиер лигата со што го сврти вниманието на големите фудбалски екипи кои сакаат да го ангажираат без обесштетување ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни