Поврзете се со нас

Свет

Ериксен со атрактивен гол го реши скандинавското дерби, Халанд испорача уште еден хет-трик (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dbulandshold

Данска ја победи Шведска во скандинавското дерби кое овојпат беше само пријателски натпревар, а клучен момент беше голот на Кристијан Ериксен во завршницата од мечот.

Хојбјерг уште во 2. минута донесе предност за Данците во Копенхаген, но Исак возврати на спротивната страна само седум минути подоцна за 1:1.

Решавачкиот момент се случи во 86. минута, кога Ериксен пласираше убаво во голот на Швеѓаните и со атрактивен погодок ги израдува домашните фанови, поставувајќи ги конечните 2:1.

Погодокот на Ериксен може да го видите ТУКА

Норвешка славеше со убедливи 3:0 против Косово, а сите погодоци на средбата ги постигна Ерлинг Халанд, кој испорача уште еден хет-трик во својата голгетерска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни