Поврзете се со нас

Лига Европа

Ериксен откри каква шокантна порака кружела во соблекувалната на Јунајтед по ремито со Твенте

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Кристијан Ериксен се претвори од херој во трагичар на „Олд Трафорд“, а причина за тоа беше неговата почетничка грешка во второто полувреме која му овозможи на Твенте да израмни на 1:1.

Претходно во првиот дел, ДАнецот постигна мајсторски гол за водство од 1:0, но големиот кикс го расипа впечатокот и на крајот тој беше играчот кој прв даде изјава по разочарувачкиот старт во Европа.

Темпото на Јунајтед значително опадна во второто полувреме и Твенте изгледаше како тим кој повеќе сака да се надигрува, а токму ова неприфатливо чувство го имале и играчите на Јунајтед.

Ериксен откри дека шокантната порака кружела во соблекувалната на Јунајтед по ремито од 1:1.

– Сакавме повеќе од овој меч, но на крајот мора да се задоволиме со реми. Ова е далеку од добро за нас, а во соблекувалната си кажавме дека тие изгледаа како тим кој повеќе ја сака победата.

– Тоа не смее да се случува со нас. Ќе почнам од мене. Постигнав гол и мислев дека сум победник, но на крајот отиде мечот во друг правец. Не загубивме, но ова е како пораз. Не смееме да не победиме против Твенте на домашен терен, – изјави Ериксен.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни