Ериксен ја искоментира наводната афера на неговата сопруга и Вертонген

vertongen-eriksen

Дебаклот на Тотенхем против Баерн Минхен им дојде како порачан на британските таблоиди кои ја лиферуваа приказната дека причината за лошиот настап на премиерлигашот е скандал кој се случил во соблекувалната.

Таблоидите тврдат дека сопругата на Кристијан Ериксен имала афера со неговиот соиграч Јан Вертонген и дека наводно оваа информација предизвикала големи кавги меѓу двајцата фудбалери, а се вмешал и капитенот Хари Кејн.

Денеска, со краток коментар се јави Ериксен, кој ја коментираше информацијата со еден збор (гомненици), за на истиот твит да се надоврзе Вертонген кој ставил емотикони со кои фактички го поддржа коментарот на соиграчот. Подоцна, Ериксен го избришал твитот, но медиумите го регистрираа.

eriksen-komentar

Facebook Коментари