Поврзете се со нас

Свет

Ериксен доживеа инфаркт пред три години, вчера режираше мајсторија за победа на истиот стадион (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dbulandshold

Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на „Паркен“ пред три години и сите се молеа за неговото здравје на Европското првенство, но откако Данецот се рехабилитираше и со помош на вграден дефибрилатор доби зелено светло да се врати на терените, судбината посака повторно да биде лидер на својата репрезентација.

Ериксен како капитен на Данска вчера ги водеше своите соиграчи на првиот подготвителен меч за новото Европско првенство, а токму тој го реши скандинавското дерби против Шведска.

Играчот на Манчестер Јунајтед режираше мајсторија во 86-та минута и успеа да ги израдува сите присутни на „Паркен“, стадион на кој пред три години ги доживеа најнемилите моменти во животот.

Мајсторскиот гол на Ериксен навистина доби посебна важност поради историјата која ја има со „Паркен“, а неговиот пример е уште еден доказ за тоа колку фудбалот може да биде непредвидлив.

Данските навивачи пред три години стискаа палци и се молеа за неговиот живот, а вчера се радуваа на неговиот погодок кој донесе победа за домашната селекција.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни