Ерик Гарсија: Погледнете како новото засилување на МЗТ Скопје решава натпревар во последна секунда (Видео)

erik garsija

МЗТ Скопје вчера потпиша со 22-годишниот кошаркар Ерик Гарсија од универзитетот Вофорд од американската НЦАА-лига и ќе биде еден од главните играчи и организатори во редовите на МЗТ Скопје под водство на Александар Тодоров. Во последната година одиграл 33 натпревари и просечно реализирал по 14 поени, 6,8 асистенции и 2,8 скока. За каков играч станува збор погледнете го видеото каде што Гарсија во последните секунди од натпреварот со тројка му носи победа на универзитетскиот тим Вофорд.

 

Facebook Коментари