Поврзете се со нас

Франција

Ерера за роденденските забави на Нејмар: Мојата сопруга не ми дозволуваше да…..

Објавено

на

Андер Ерера има многу слободно време откако Француската Федерација го означи првенството за завршено и играчот за врска веќе извесен период е во својата родна земја, па таму беше гостин на една од најпознатите емисии кои се емитуваат на телевизија.

Станува збор за „Ла Ресистесија“ емисијата која ја организира телевизијата „Мовистар“, а на која редовен домаќин е комичниот новинар Давид Бронкано кој е исклучително популарен во Шпанија. Бронкано последно го нагости фудбалерот на ПСЖ, кој покрај тоа што реши да потенцира дека Нејмар е навистина посериозен на теренот оваа сезона, откри и една анегдота за родендените кои ги организира Бразилецот.

– Мене Нејмар ми личи на одлично момче. Покрај тоа, сега е многу поконцентриран на фудаблот и знае како да ги дозира своите квалитети на теренот. Имаше навистина тешка повреда и затоа сега повеќе внимава и делува далеку попретпазливо на теренот.

– Што се однесува до неговите забави, кога го прави тоа, прави сите да си поминат убаво и незаборавно. Тој организира се до најситен детаљ за да биде совршено. Морам да му честитам за тоа.

– На последната роденденска забава, изнајми огромен простор и не подели на два ката. На горниот бевме ние кои имаме сопруги, а доле беа ергените и имаше многу жени. Вистина е дека мојата сопруга не ми дозволуваше да отидам ниту до тоалетот, а ни на долниот кат за да видам што се случува, – со насмевка откри Ерера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни