Поврзете се со нас

Франција

Ерера: Веруваме дека Мбапе ќе игра во ЛШ

Објавено

на

blank

Искусниот шпански интернационалец, Андер Ерера е оптимист и верува дека неговиот клупски колега Килијан Мбапе ќе може да настапи на четвртфиналниот меч со Аталанта во Лигата на шампионите.

Мбапе се повреди во финалето на Купот на Франција во пресметката со Сент Етјен и според првичните пресметки треба да паузира три седмици што секако го „брише“ од дуелот со калчолигашот закажан за 12 август, но Ерера смета дека сепак има шанси напаѓачот да заигра во Лисабон.

-Ние сме оптимисти со Килијан. Видовме може да оди, тој е професионалец, млад. Сака да игра и може да бидеме смирени. Работи секој ден, сабајле и попладне. Ама ако не е возможно да игра, имаме други опции. Килијан е многу значаен и убеден сум ќе се обиде да игра, -истакна Шпанецот по триумфот на ПСЖ во Лига Купот на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни