Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Eрера: Тешко е да се зборува, ние изградивме…

Објавено

на

Најдобриот француски состав, Пари Сен Жермен доживеа пораз од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите.

Баварците победија со 1-0, а тоа дефинитивно тешко им падна на „светците“ кои беа оптимисти и веруваа дека можат да испишат историја и ја освојат првата титула во елитната конкуренција.

-Мислам дека направивме сè за да победиме во овој натпревар-создадовме пет-шест шанси. Тие имаа две-три шанси, ама дадоа еден гол во второто полувреме. Се чувствуваме лошо поради нашите луѓе затоа што знаеме колку е важно за нашите навивачи и историјата на клубот.

-Мора да размислиме за работите што ги направивме оваа сезона, групата што ја создадовме, атмосферата што ја создадовме во клубот. Освоивме четири титули и го загубивме финалето во Лигата на шампионите, мислам незаслужено.

-Сега е тешко да се спие, тешко е да се зборува, тешко е да се објасни. Но, од утре, барем јас и сигурен сум дека и моите соиграчи, ќе започнеме повторно. Ние изградивме нешто многу, многу важно за клубот, -истакна Андер Ерера по средбата во Лисабон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни