Франција
Ерера со брутална споредба: Ние сме како деца на тренингот,а Мбапе е Јусеин Болт!
Андер Ерера минатото лето стави крај на својата етапа во Манчестер Јунајтед и како слободен агент му се приклучи на ПСЖ, тим во кој Шпанецот секојдневно тренира со двајца играчи кои според многумина се најдобрите во светот.
Нејмар веќе неколку години е на врвот на фудбалската елита, а тој пат сега го оди и Килијан Мбапе, сензационалниот француски голгетер од кој посебно е импресиониран и искусниот шпански везен фудбалер.
Ерера во Премиер лигата имаше можност да игра со голем број познати и звучни имиња, а сега вели дека се соочува со ситуација да се чувствува како дете покрај 21-годишниот напаѓач.
– Да бидам искрен, она што можам да го кажам за Килијан е дека понекогаш на тренинзите изгледаме како деца покрај него. Начинот на кој трча, едноставно ве остава неколку метра позади. Изгледа дека ние сме како деца, а тој е Јусеин Болт, – вели Ерера за „ЕСПН“.
– Во фудбалот честопати гледате фудбалери кои се многу брзи и кои ве оставаат позади. Но, кога е во прашање Килијан, кога ќе дојде пред голот, знае кога треба да сопре, да биде мирен и да постигне гол. Тоа го прави различен од обичните спринтери, – додава Шпанецот.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)