Поврзете се со нас

Франција

Ерера: ПСЖ комплетно ме изненади, помислив дека сум пристигнал на погрешно место

Објавено

на

Андер Ерера ја игра својата втора сезона во ПСЖ и по вторпат ќе биде дел од едно полуфинале во Лигата на шампионите како член на „светците“, а во пресрет на двата дуели со Манчестер Сити, Шпанецот се наврати на спектакуларните 180 фудаблски минути кои ги понудија со Баерн Минхен во репризата на ланското финале.

ПСЖ загуби во Лисабон на крајот на месец август минатата година, но сега режираше слатка одмазда против баварците и благодарение на гол количникот и погодоците постигнати на гостински терен го елиминираше главниот фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Победата во Минхен од 2:3 се покажа како преголем залак за пресврт и за Баерн, па иако ПСЖ загуби со 0:1 на „Паркот на принцовите“, успеа да влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

– Вистина е дека бев воодушевен од двојната пресметка со Баерн, тоа беа најдобрите 180 минути кои сум ги видел. Имаше тензија, се гледаше максимална концентрација, квалитет на теренот. Брутално четвртфинале. Имам чувство дека елиминиравме посилен Баерн од оној во финалето во Лисабон. Покажавме квалитет и четвртфиналињата со Баерн беа ода за фудбалот, – вели Ерера во интеврјуто за „Марка“, во кое се потсети и на своите први денови по пристигнувањето во ПСЖ како слободен агент откако не потпиша нов договор со Јунајтед.

– ПСЖ ме инзенади комплетно. Пред да дојдам во ПСЖ, секој сака да се информира за својот нов клуб, собира информации. Секој ден читав нешто чудно. Бразилците имале проблеми со Французите, стручниот штаб имал проблем со не знам кој, Мбапе не бил во добри односи со Нејмар. Кога дојдов тука, наидов на тим кој се собира секоја недела за да руча заедно, тренинзите се многу добри и пријатни и еден од најдобрите пријатели на Нејмар е Мбапе. Тогаш се запрашав, што ли слушав во јавноста, или пак да не дојдов на погрешно место, – открива Андер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни