Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ерера откри зошто Нејмар и Мбапе го провоцираа Халанд со прославата: Не е добро кога ќе ги изнервирате Мбапе и Нејмар

Објавено

на

Фудбаерите на ПСЖ го навлекоа гневот на неутралната фудбалска јавност кога ја ископираа прославата на Ерлинг Халанд при победата над Борусија Дортмунд и со тоа му испратија директна провокација на младиот фудбалер.

Борусија Дортмунд славеше со 2:1 на првиот натпревар на „Сигнал Идуна Парк“, а на тој натпревар блесна младиот Ерлинг Халанд.

Сепак, на возвратниот натпревар ПСЖ победи со 2:0 и така се пласираше во следната фаза, а играчите на тимот предводени од Нејмар и Мбапе го испровоцираа младиот Халанд така што ја ископираа неговата прослава.

Сега искусниот  фудбалер на ПСЖ, Андер Ерера ја откри причината за таквата прослава на играчите.

– По првиот натпревар ја прославија победата така што објавија неколку непримерни фотографии на официјалниот Твитер профил. Рекоа дека не мора да купуваат суперѕвезди туку дека ги прават, а тоа не повреди. Никогаш не излегува добро кога ќе ги изнервирате Нејмар и Мбапе, -изјави Ерера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни