Поврзете се со нас

Франција

Ерера откри зошто Мбапе му остана верен на ПСЖ: Тука може да стане…

Објавено

на

Килијан Мбапе ги разреши дилемите околу неговата иднина со тоа што се реши за еден изненадувачки потег, да остане и ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен кога скоро сите го видео во редовите на Реал Мадрид.

Французинот со едната нога беше на „Сантијаго Бернабеу“ и некако само се очекуваше официјална потврда за трансферот, меѓутоа дојде до пресврт во последен момент и напаѓачот потпиша нов договор со „светците“ до 2025 година.

Дали овој потег на Килијан е вистински и правилен ќе покаже времето, едно е јасно дека предизвика многу реакции, коментари со истиот, па на некој начин и си ја подзатвори вратата за преселба во Реал во иднина.

Сепак во фудбалот како и во животот работите се менуваат и никогаш ништо не се знае. Андер Ерера многу добро го познава голгетерот со оглед на тоа што му е клупски соиграч, па се обиде да објасни зошто тој остана на „Паркот на принцовите“.

-Во Реал Мадрид тој ќе станеше еден од најдобрите играчи во нивната историја, со сета сигурност што го носи играњето за нив. Ама со ПСЖ може да стане најдобриот играч во историјата на клубот и да испише историја во неговиот роден град.

-Слично е како Ансу Фати во Барселона. Барселона е неговиот живот и истото е и за Килијан, -истакна Ерера за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни