Поврзете се со нас

Франција

Ерера: Нејмар и Мбапе си заминуваат? ПСЖ е клуб кој…

Објавено

на

Шпанскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Андер Ерера даде свој коментар за можноста францускиот шампион да остане без двете главни ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе.

Бразилецот и Французинот се поврзуваат со доста клубови ширум Европа, се споменуваат големи суми на пари, меѓутоа ПСЖ е клуб кој не сака да се откажува од своите најдобри играчи.

Запрашан за тоа Ерера од кого „светците“ полесно би се откажале тој за „АС“ истакна:

-Не знам, затоа што не знам што заработуваат или приходите што ги создаваат за клубот, кој сè уште е компанија. Но знам дека двајцата се клучни во проектот и ги гледам многу среќни и вклучени во ПСЖ, -истака Шпанецот и додаде:

-Мора да го земете во предвид фундаменталниот аспект, јас разговарав и со Килијан, ПСЖ не е клуб што ги продава своите sвезди, напротив тој купува. Има доволно економски мускули за да ги поддржи двајцата, -порача Ерера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни