Европски првенства
Епски пресврт и гол за паметење: Капитенот на Казахстан го „торпедираше“ Шмајхел (Видео)

Иако во тек се само првите две рунди од квалификациите за Европското првенство, се чини дека ова попладне добивме сериозен кандидат за најубав гол во овој циклус, и тоа на првиот меч во неделната програмата.
По сигурната победа над Данска, тимот на Хјулманд беше на добар пат да победи и во Астана, но домашните фудбалери се погрижија за чудесен пресврт и остварија незаборавна победа.
Казахстан губеше 0:2 до 73-та минута, но потоа направи сензационален кам-бек и на крајот победи со 3:2 во луд натпревар кој сигурно уште долго ќе го паметат сите оние кои беа присутни на „Астана арена“.
Младиот Хојлунд постигна два гола за предност на Данска во првото полувреме, но Казахстан се врати во игра преку Зајнутдинов, Тагиберген и Ајмбетов кој го комплетираше пресвртот во 89-та минута.
Од сите пет постигнати гола, убедливо најдобар беше оној на капитенот Тагиберген, бидејќи играчот за врска испрати страшен удар и го „торпедираше“ Каспер Шмајхел.
Мајсторијата погледнете ја со клик ТУКА
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 14 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 24 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)