Поврзете се со нас

АТП

Епски меч и нова сензација на Ролан Гарос: Осмиот носител пропушти две меч топки и загуби после 5-ипол часа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Бразилецот Сејбот Вилд го режираше првото големо изненадување на Ролан Гарос со елиминацијата на Данил Медведев, но веднаш по крајот на првата рунда, огромна сезнација донесе и втората.

Јаник Синер влезе како осми носител за освојување на титулата и Италијанецот е познат како одличен на земјена подлога, меѓутоа иако имаше се на своја страна, на крајот направи од готово-вересија во дуелот со Даниел Алтмајер.

Германецот ја режираше сензацијата на денот во најдобриот меч во досегашниот тек на турнирот, бидејќи во четвртиот сет спасуваше две меч топки, а потоа се избори за петти и направи пресврт.

Израмнетиот меч донесе два возбудливи стартни сета во кои и двајцата освоија по еден тајбрејк, но откако Синер го доби третиот со 6:1, се чинеше дека конечно го скрши отпорот на ривалот.

Италијанецот продолжи со исто темпо и во четвртиот сет и стигна до две меч топки на свој сервис при 5:4, меѓутоа не ги искористи и моментумот се префрли на страна на аутсајдерот.

24-годишниот Алтмајер го доби и вториот тајбрејк во четвртиот сет, а потоа славеше со 7:5 во петтиот и после пет часа и 26 минути ја оствари најголемата победа во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни