Поврзете се со нас

Лига Европа

Епска пенал серија во Гдањск, Вилјареал дојде до прв трофеј во својата историја (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Вилјареал е освојувач на трофејот во Лига Европа за натпреварувачката 2020/2021.

„Жолтата подморница“ успеа да ја добие битката со Манчестер Јунајтед која траеше скоро три часа, односно истата мораше да биде решена на пенали. Регуларниот дел донесе по еден гол на двете страни, Жерард Морено стрелаше за Вилјареал во 29, додека пак Единсон Кавани погоди на спротивната страна во 55 минута.

Во продолженијата немаше многу возбудувања, па мораше да се пристапи кон изведување на удари од 11 метри за да реши победникот.

Тука дојде до вистинска драма, изведувачите беа непогрешливи, па голманите Рулји и Де Хеа дојдоа на ред да шутираат.

Аргентинецот биеше прецизно и ја затресе мрежата на Де Хеа за да потоа и го прочита Шпанецот и му ја донесе првата титула на Вилјареал во неговата историја.

Кога е во прашање стратегот Унаи Емери, ова за него беше четврти пехар во ЛЕ, претходно трипати славеше со Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни