Епска фудбалска драма: Губеа 2:0 до 91. минута, па направија чудо за кое зборува цел Бразил (Видео)

parana-brazil

Фудбалскиот клуб Парана се пласираше во третата рунда во бразилскиот фудбалски Куп, но ова немаше да биде некоја значајна вест ако домашниот тим не изрежираше пресврт за кој зборува цела фудбалска јавност во оваа земја.

Гостите од Бахија имаа водство од 0:2 и навидум сигурен пласман во наредната фаза на Купот благодарение на головите на Лео Порто и Алекс Казумба, но иако овој резултат беше активен до 91-та минута од натпреварот, на фудбалскиот терен во Парана се случи чудо. Талес намали на 1:2 и се чинеше дека постигна почесен гол за својот тим, но веднаш после тоа Фабричио погоди за 2:2, а во 96-та минута Ренан Бресан изрежира мајсторија од слободен удар за потврда на епскиот пресврт кој го обиколи фудбалски Бразил.

Facebook Коментари