Поврзете се со нас

Олимписки игри

Епска драма и глупост за паметење: Мем направи аматерска грешка на 6 секунди пред крајот, Германија го слави неверојатниот Ушчинс (Видео)

Објавено

на

Четвртфиналето меѓу Франција и Германија уште долго ќе се прераскажува во Париз, бидејќи ракометните фанови беа сведоци на драма која не се гледа баш често.

Франција имаше се во свои раце и се чинеше дека ја осигура победата на 30 секунди пред крајот кога Дика Мем погоди за плус два (29:27), но Германците уште еднаш покажаа дека играат до послдна секунда и дека никогаш не се предаваат.

Со оглед прикажаното на теренот, Германците заслужија продолженија, но начинот на кој се изборија за такво нешто беше епски и незаборавен. На 15 секунди пред крајот, Ушчинс ја презема одговорноста и погоди пенал за 28:29, а потоа францускиот селектор свика тајм-аут.

Поради тоа што истече дел од времето, на семафорот преостанаа уште шест секунди, но по рестартот, Дика Мем направи аматерска глупост, а истата со гол ја казни Ушчинс.

Младиот бек го однесе својот тим во продолженија и му даде ветер во грб за дополнителните 10 минути, во кои повторно прерасна во херој со победничкиот гол за 35:34 во последната минута.

Ушчинс го заврши мечот со неверојатни 14 гола и беше убедливо најдобар играч на теренот, со што направи залудно да личат импресивните 24 одбрани на францускиот голман Жерар. Трагичарот Мем постигна 10 погодоци, но и самиот по мечот беше свесен дека тој го остави својот тим без полуфинале и битка за медалите во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни