Германија
Епилог од долгиот состанок: Борусија остана без тренер, клубот излезе со објаснување

Бундеслигашот Борусија Дортмунд и тренерот Марко Розе одлучија да тргнат по различни патишта, односно донесоа одлука за прекин на сорабоката која започна пред една година.
Ова е епилогот од интензивниот состанок кој траел неколку часа вчеравечер, а од кој дел биле Розе, Ханс Јоаким Вацке, Михаел Цорк, Себастијан Кел и Матијас Замер.
Борусија во официјално соопштение му се заблагодари на тренерот кој заврши втор во Бундеслигата, но кој сепак не ги оправда очекувањата и потфрли во Европа. „Милионерите“ најпрво разочараа во Лигата на шампионите, а потоа доживеаја и рана елиминација во нокаут рундата во Лигата на Европа.
– Овој ден не е лесен за никој од нас, меѓусебната почит е голема и ќе остане голема. По крајот на сезоната која е означена како недоволно добра од различни причини, извлековме заклучок дека не го извадивме максимумот од тимот, – вели Вацке.
– И покрај тешката сезона, јас бев убеден дека одиме по вистинскиот пат. Во текот на разговорот, добив впечаток дека веќе не постои 100 процентна верба меѓу сите одговорни. На крајот решивме да ја прекинеме соработката, – вели Марко Розе.
Борусија Дортмунд сега погледите ќе ги сврти кон летниот преоден рок, но пред да го направи тоа, ќе мора да назначи и нов лидер на проектот во вид на тренер.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 22 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 23 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 24 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 21 час
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон