ЕП во шах: Две победи за силен финиш на Македонија

makedonija vs skotska ep2017

Претпоследното 8. коло донесе победа и на машката и на женската репрезентација на Македонија со што се подобрија шансите за повисок пласман од просечниот рејтинг на играчите.

Мажите ја добија Белгија со 3,5:0,5, а со двете победи на прва и четврта табла, Филип Панчевски и Никола Николовски се доближија до нормите за велемајстор односно интернационален мајстор. Тие во утрешните партии ќе бркаат цел бод против своите противници за да го завршат турнирот со нова титула. Победа славеше и велемајсторот Трајко Недев, а единствен кој ремизираше беше Дејан Стојановски. Во другите мечеви интересно е да се одбележи дека Азербејџан славеше над Русија со 3:1, додека мало изненадување направи Турција со победата над Холандија, како и Хрватска над Франција (во двата случаи со 2,5:1,5. Македонијаго започна Европското првенство со рејтинг како 33 екипа од вкупно 40, а утре игра со Португалијаи евентуелен триумф би донел пласман пет позциии подобар од стартниот.

Триумфот на девојките над Финска беше изразен со 3,5:0,5 или со три победи на Моника Стојковска, Драгана Николовска и Габриела Коскоска, додека на третата табла ремизираше Бојана Бејатовиќ. На женскиот турнир претпоследното коло донесе мало изненадување при што Полска ја совлада второрангираната Грузија, а Литванија ремизираше со Германија. На едно коло пред крајот Русија со триумфот над Турција го обезбеди златото создавајќи недостижна предност, додека за другите медали ќе се борат Грузија, Полска и Украина. Македонија во последното коло игра со вториот тим на Грција.

Facebook Коментари