ЕП во шах: Дамите ја совладаа Црна Гора, мажите ремизираа со Грција

EP-sah

Македонските шаховски репрезентации денеска го продолжија настапот на Европското првенство кое се одржува на Крит. По вчерашниот двоен пораз во машка и женска конкуренција, денеска нашите репрезентации го поправија впечатокот во дуелите со репрезентации кои на турнирот стартуваа со послаб рејтинг.

Шахистите одигра нерешено 2:2 во дуелот со третата екипа на домаќинот Грција во дуел на четири табли на кои Филип Панчевски повторно освои цел поен на првата табла и тоа против Панајотис Христодулу. Сепак, тоа не беше доволно за прва победа, откако Дејан Стојановски и Никола Николовски ремизираа на втората и третата табла, додека на својот дебитантски настап, Тони Лазов загуби од Константинос Анагностопулос.

Најдобрите македонски шахистки ја остварија првата победа на Крит и тоа против репрезентацијата на Црна Гора со резултат 2,5:1,5. Моника Стојковска на првата табла беше подобра од Александра Миловиќ, додека на четвртата табла Габриела Коскоска освои цел поен во дуелот со Нина Делевиќ. На преостанатите две табли, Драгана Николовска загуби од Стојановиќ, додека Бојана Бејатовиќ ремизираше против Колјевиќ.

Утре мажите играат против Шкотска која влезе со послаб рејтинг на ова ЕП, додека женската репрезентација за противник ќе ја има Италија, селекција со подобар рејтинг, но по две кола со ист ефект како Македонија.

Facebook Коментари