ЕП во шах 2017: Одличната партија на Николовски недоволна за позитива со Исланд

etcc 2017

Подмладената шаховска репрезентација на Македонија беше во добра позиција да го совлада подобро рангираниот Исланд, но триумфот на Никола Николовски и добрите позиции на Панчевски и Лазов се покажаа како недоволни за позитивен резултат во шестото коло на ЕП во шах.

Николовски на третата табла го победи Ханес Стефансон, но тој цел поен и ремито на Трајко Недев против Хјорвар Гретарсон се покажаа како недоволни за реми против Исланд. Филип Панчевски и Тони Лазов испуштија барем реми на првата и четвртата табла во дуелите со Стајнгримсон и Кјартансон, со што на крајот Исланд славеше со 2,5:1,5, па Македонија се најде во долниот дел од табелата на ЕП кое се одржува на Крит.

Дамите одиграа 2:2 против Словачка, а иако на првата и втората табла Стојковска и Николовска беа поразени, ремито го овозможија Бејатовиќ и Коскоска кои се погрижија за реми против селекцијата со подобар стартен рејтинг.

Facebook Коментари