ЕП шах 2017: Прва екипна победа за Македонија по пауза од четири години

ep saj 2017 plakat

Машката шаховска репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Фарски Острови со 3:1, забележувајќи ја првата победа на турнирот и воедно прва на европските првенства по пауза од четири години.

ВелемајсторотХелги Дам Зиска кој имаше повисок рејтинг од кој било наш играч успеа да ја прекине перфектната серија на Филип Панчевски на првата табла, па македонскиот интернационален мајстор по три победи, сега мораше да се задоволи само со реми. До половина поен стигна и Дејан Стојановски на третата табла, но затоа пак сигурни беа Трајко Недев и Никола Николовски кои до своите први победи на ова ЕП стигнаа со црни фигури, а со тоа ја донесоа и победата, на крајот изразена со резултат 3:1.

Изненадувањето на колото го приреди Унгарија, која и го нанесе првиот пораз на досега водечката Русија со 2,5:1,5 но исто така и Турција успеа да направи сензација совладувајќи ја треторангираната Украина. Белег на колото беше и тоа што дури пет дуели завршија нерешено со 2:2. Унгарија, Хрватска и Ерменија го делат првото место со по 7 бода. Македонија е на делба од 26 до 31 место, а согласно „тај-брејк“ правилата е на 29 позција. Утре шахистите играат против Словачка.

Во женска конкуренција, Македонија играше со Романија, репрезентација која беше рангирана како 9 од 32, наспроти нашиот рејтинг како 30 од 32. Македонските шахистки Стојковска, Николовска, Бејатовиќ и Коскоска ги загубија сите партии со што големиот фаворит Романија се врати во игра за врвот. По овој пораз, шахистките паднаа на 28 место од 32 селекции, а утре играат со Австрија која е 25 рангирана.

Во останатите мечеви од второто коло кај дамите интересно е да се одбележи дека дуелот на првите два тима по рејтинг, Русија и Азербејџан, заврши со минимална победа на Русинките кои сега се издвоија на првото место, додека дуелот на Шпанија и Полска заврши нерешено и овие две селекции го делат второто место.

По утрешните натпревари од 5. коло, следи еден ден пауза.

makedonija vs romanija ep sah 2017

Facebook Коментари