ЕП шах 2017: Панчевски и Стојковска блескаат на првите табли

filip pancevski prvo kolo etcc 2017

Филип Панчевски и Моника Стојковска заблескаа на првите табли во настапите на машката и женската шаховска репрезентација на Европското првенство во Грција.

Панчевски извојува втора победа во низа, овој пат со бели фигури над Панајотис Христодулу кој ја предводеше третата екипа на Грција (39 од 40 според просечен рејтинг). Дејан Стојановски и Никола Николовски ремизираа, а поради „пауза“ за Трајко Недев на четвртата табла настапи младиот Тони Лазов, но тој беше поразен. Во другите мечеви од второто коло: Ерменија – Грција 2,5:1,5 ; Холандија – Украина 2,5:1,5 ; Франција – Шпанија 2:2 ; Белорусија – Русија 1,5:2,5 ; Турција – Италија 1,5:2,5 ; Хрватска – Србија 2,5:1,5 ; Косово – Црна Гора 1:3.

Моника Стојковска по вчерашното реми во дуелот со Холандија, денеска против Црна Гора повторно имаше против себе играч со повисок рејтинг, женскиот интернационален мајстор Александра Миловиќ, но извојува победа со црни фигури. Драгана Николовска загуби, а Бојана Бејатовиќ ремизираше, па со триумфот на Габриела Коскоска на четвртата табла беше запечатена првата победа за дамите. Резултати од второ коло (жени): Чешка – Русија 1,5:2,5 ; Франција – Грузија 0,5:3,5 ; Украина – Ерменија 3:1 ; Полска – Германија 3:1 ; Азербејџан – Унгарија 1,5:2,5 ; Србија – Швајцарија 2,5:1,5 ; Хрватска – Литванија 2:2.

Машката репрезентација утре игра со Шкотска, која што е последна според рејтингот од 40 репрезентации. Девојките ќе имаат повторно тежок меч, овој пат со Италија, која што има 15 рејтинг од 32 селекции на турнирот.

Мажи 2. коло

ИМ Филип Панчевски (2489) – ФМ Панајотис Христодулу (2318) 1:0

ФМ Кирјакос Влахос (2306) – ИМ Дејан Стојановски (2454) 0,5;0,5

ФМ Никола Николовски (2420) – Спиридон Наум (2295) 0,5:0,5

Константинос Анагностопулос (2290) – ФМ Тони Лазов (2331) 1:0

Жени 2. коло

ЖИМ Александра Миловиќ (2191) – ЖФМ Моника Стојковска (2088) 0:1

Драгана Николовска (1854) – ЖИМ Марија Стојановиќ (2102) 0:1

Николина Колјевиќ (1837) – Бојана Бејатовиќ (2035) 0,5:0,5

ЖИМ Габриела Коскоска (2018) – Нина Делевиќ (1745) 1:0

makedonija zeni ep 2017

Facebook Коментари