ЕП шах 2017: Коло без пораз и со два нерешени меча

filip pancevski prvo kolo etcc 2017

Подмладената машка шаховска репрезентација на Македонија ремизираше со подобро рангираната Словачка во рамки на дуелот од 5. коло на Европското првенство што се игра во Грција.

Сите четири партии завршија со реми, при што првобитно на официјалниот сајт беше лиферувана информацијата дека Филип Панчевски победил на првата табла. Македонскиот интернационален мајстор има одличната серија без пораз, а сега стигна до 4 поени од 5 меча, иако играше со црни фигури против словачкиот велемајстор Лубомир Фтачник. На преостанатите табли реми изборија Трајко Недев, Дејан Стојановски и Никола Николовски.

Жените за противник ја имаа Австрија која влезе на ЕП со подобар рејтинг, а интересно иако немаше ниту едно реми, на крајот со жестока борба на сите табли е постигнат резултат 2:2.
Моника Стојковска на првата табла беше подобра од Катарина Невркла, а на третата Бојана Бејатовиќ освои цел поен против Вероника Екслер. Поразени беа Драгана Николовска и Габриела Коскоска за реми на Македонија и Австрија на Европското првенство.

Facebook Коментари