Поврзете се со нас

Македонија

ЕП до 20 години: Германките пресилни во Скопје, Македонија ќе се бори за седмото место

Објавено

на

Кошаркарките до 20 години забележаа пораз во четвртфиналето на ЕП Б-дивизија кое се игра во Скопје, па така стана јасно дека највисок дострел може да ни биде седмото место за кое ќе се бориме со послабиот од дуелот меѓу Грција и Норвешка.

Германија се покажа како пресилна за нашите репрезентативки, кои денеска во „Борис Трајковски“ успеаја да парираат само во воведот на првата четвртина.

По резултат 10:13, следеше огромна доминација на Германките, па конечниот резултат е отслика за разликата во квалитетот која постои во овој момент.

Германија славеше преубедлива победа од 87:44 и се пласираше во полуфиналето на турнирот во македонската престолнина, додека нашите девојки ќе се борат за седмото место.

Противник на тој последен натпревар ќе ни биде Грција или Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни