Поврзете се со нас

Англија

Ентони за тоа дали очекува повик од Тен Хаг: Треба да разговара со моите агенти

Објавено

на

Фудбалерот на Ајакс, Ентони веќе извесен период се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, но од истиот нема ништо затоа што холандскиот клуб бара многу пари за неговите услуги.

Сепак, по ужасниот старт на сезоната и двата порази од Брајтон и Брентфорд, од Манчестер Јунајтед ќе го одврзат ќесето и ќе почнат да трошат пари на нови засилувања кои очигледно се и прекупотребни.

Наводно, во следниот период клубот повторно ќе се активирал за ангажман на Ентони, а за таквите најави свој коментар даде и самиот играч кој истакна дека во моментов е фокусиран само на Ајакс.

– Дали Тен Хаг ќе ми се јави? Немам идеја. Тој прво треба да разговара со моите агенти, затоа што мојот фокус е на играта во Ајакс. Што ќе биде ќе биде, ќе видиме.

– Се чувствувам добро во Ајакс. Го давам максимумот за овој клуб, секоја минута која ја минувам на терен. Го сакам градот и овој клуб, -изјави Ентонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни