Поврзете се со нас

НБА

Ентони: Се знае кој е најголемиот на сите времиња, ама не ми се допаѓа…

Објавено

на

Кармело Ентони е еден од заштитните лица на оваа нова ера во НБА лигата, играч кој долги години е на оваа сцена и добро ги познава сите квалитети, недостатоци на актерите во ова натпреварувања.

Секако зборот на сегашниот член на Портланд Трејл Блејзерс има тежина, па така треба да се земе во предвид неговиот став во однос на дебата за тоа кој е најголемиот играч во историјата на НБА и кошаркарата.

За Кармело кој е добар пријател со Леброн Џејмс нема никави дилеми и тоа е Мајкл Џордан, ама не ми се допаѓаат сите овие дебати, разговори од проста причина што сите овие имиња треба да се ценат, почитуваат и имаат свое место во историјата.

-Не ми се допаѓа. Ова го велам затоа што секогаш кога го правиме, забораваме да го цениме тоа што го имаме пред нас. Секогаш кога ќе се прават овие споредби, без разлика дали станува збор за стара школа против нова школа, тоа е… зошто не можеме да ги цениме сите за она што и го донеле на играта?

-Знаете дека Ем-Џеј е „GOAT“ (најголем на сите времиња). Сите тоа го знаеме и сите се согласуваме. Зошто тоа да не го кажеме, но му исто време да му дадеме почит на Леброн додека се уште е тука? Зошто не можеме да кажеме Џордан беше одличен, Леброн е одличен, Коби беше одличен. Не смееме денеска да ги кажеме тие работи, затоа што секогаш е ова или она, тоа е само нашето општество – треба еден да изберете, -заврши Мело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни