Поврзете се со нас

НБА

Ентони: Подготвени сме за новата сезона, полека ќе го градиме тимскиот дух

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс имаше катастрофален подготвителен период за новата сезона и ги загуби сите шест пријателски натпревари.

Секако никој не очекуваш ваков учинок со оглед на тоа што клубот донесе многу квалитетни и проверени засилувања за оваа сезона, но допрва следи она вистинското, предизвиците во натпреварувачката 2021/2022 почнувајќи од дуелот со Голден Стејт Вориорс.

Таа средба е на програмата во среда наутро, а Кармело Ентони е оптимист и верува дека ќе слават во „Стејплс Центарот“.

-Ќе направиме се за да ги победиме Вориорс. Дали се ќе биде совршено? Најверојатно не. Сепак, мораме да бидеме трпеливи и полека да го градиме тимскиот дух,-порача Мело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни