Поврзете се со нас

Франција

Енрике за навредата од Мбапе: Се што се зборува…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Пари Сен Жермен го доби дербито со Олимпик Марсеј и покрај тоа што поголемиот дел од натпреварот го одигра со 10 играчи, но и тоа некако се стави во втор план поради потегот на Килијан Мбапе кога беше повлечен од игра во 64 минута.

Мбапе дефинитивно не беше задоволен од одлуката на тренерот Луис Енрике и превртуваше очи во таа ситуација, но се отиде и дотаму да се тврди дека играчот и го навредил шпанскиот стручњак порачувајќи дека е курвин син.

Ова секако допре и до популарниот Лучо кој доби и прашање на оваа тема кое го одговори во негов стил.

-Она што е интересно е дека се што се зборува е базирано на лажна вест. Некој измислил навреда и потоа од тоа доаѓаат секакви шпекулации. Се замем во мој чекор. Многу сум среќен со сите мои играчи, вклучително и Килијан, тој секогаш се однесувал фантастично, -порача Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни