Поврзете се со нас

Франција

Енрике за намалената минутажа на Мбапе: Мораме да го контролираме времето…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Килијан Мбапе веќе одреден период не е незаменлив во Пари Сен Жермен или поточно тренерот Луис Енрике почна да игра со неговата минутажа, да не биде стартер, па дури и да го вади на полувреме.

Сето ова се поклопи со информациите дека Мбапе си заминува од ПСЖ и како слободен играч се сели во редовите на Реал Мадрид, иако засега немаме потврда за оваа вест. Меѓутоа јасно е дека нешто се случува или веќе се случило, па имаме и некои изјави меѓу редови кога е во прашање францускиот репрезентативец.

Утре ПСЖ има дуел со Ница во Купот на Франција, а пред истиот тренерот Енрике објасни зошто Килијан помалку време минува на теренот, одговор во кој го спомена на Усман Дембеле.

-Го проучуваме секој детаљ за играчите поединечно. Сите натпревари се важни, како утрешните или во Лигата на шампионите. Усман нема проблем, му стои на располагање на тренерот. Мораме да го контролираме времето минато на терен на многу експлозивни играчи како Дембеле или Мбапе. Имаат неверојатна брзина која вклучува ризици. Тоа вклучува да ги натерате да играат повеќе или помалку минути, -рече Лучо кој потенцираше дека има максимална поддршка од клубот.

-Откако пристигнав, од мојата прва средба со Луис Кампос и откако го познавав претседателот (Насер Ал-Келаифи), секогаш чувствував целосна доверба, поддршка. Проектот е малку нов за клубот, различен од претходните тренери, со многу млади играчи. Идејата е да видиме дека нашите навивачи не следат и мислат дека играме добро. На мене лично ми е добро, како тренер и така мораме да го спроведеме овој фудбалски проект, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни