Поврзете се со нас

Шпанија

Енрике со порака која јасно ја потврдува разделбата со Мбапе: Навистина му посакувам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Пари Сен Жермен не ја потврди улогата на фаворит и освои само бод во дуелот со Ремс во Лига 1.

Домаќините губеа и водеа на овој меч, а на крајот мораа да се задоволат само со реми од 2-2. Килијан Мбапе не беше стартер на овој дуел и влезе во 73 минута, меѓутоа и тој не успеа да помогне да се освои целиот плен.

Енрике ризикуваше со Мбапе, ПСЖ повторно не победи во Париз (ВИДЕО)

Со оваа одлука на Луис Енрике напаѓачот да биде резерва уште еднаш се потврди дека ПСЖ веќе се подготвива за живот без напаѓачот, а кон тоа води и изјавата на Шпанецот по сердбата на „Паркот на принцовите“.

-Му посакувам се најдобро на Килијан Мбапе за неговата иднина. Тој е фантастичен играч и уште повеќе како личност. Навистина му посакувам се најдобро, -истакна Лучо.

Само за потсетување Килијан е во последните месеци од договорот со ПСЖ, договор кој нема намера да го продолжи. Медиумите веќе пренесоа дека тој веќе си подал рака со Реал за преселба во Мадрид, но засега се уште нема официјална потврда за тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни