Поврзете се со нас

Свет

Енрике посочи кои се најдобрите бекови во светот на фудбалот

Објавено

на

Поранешниот член на Вилјареал, Њукасл и Ливерпул, Хосе Енрике издвои две имиња кои според него се најдобрите бекови во моментов во светот на фудбалот.

Шпанецот смета дека тоа се играчи кои доаѓаат од иста екипа и тоа од Ливерпул, а се работи за Трент Александер Арнолд и Енди Робертсон.

-Дефинитивно, Робертсон е најдобриот лев бек во последниве две сезони. За мене, тој има сè. Тој има енергија која ве тера да се заморите само гледајќи го понекогаш на натпреварите! Колку само се движи на неговата страна е неверојатно. Интензитетот, многу го сакам интензитетот на кој ја игра играта, исто така е неверојатно. Очигледно крајниот производ што го има е навистина добар, неговите центаршутеви се неверојатни. Исто добро се брани, целосен пакет и верувам дека тој е најдобриот лев бек на светот во последните две години, -вели Енрике кој потоа говореше и за Арнолд.

-Истото што го кажав за Робертсон, важи и за Трент: тој е најдобриот десен бек во светот за последните две години, тој има само 21 година. Толку многу луѓе сакаат да знаат, „Ајде да видиме дали може да игра во средниот ред“, јас пак велам, „Зошто сакате да го смените кога е веќе најдобар на својата позиција, има само 21 година и може да го подобри  многу на таа позиција“. Затоа што тој сè уште може многу да се подобри, па замислете кога ќе биде кога ќе се подобри, -заклучи Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни