Поврзете се со нас

Светски првенства

Енрике по триумфот над Косово: Ова беше како породување со компликации

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија го потврди статусот на фаворит и славеше над Косово со 2-0 во дуелот од квалификациите за Светското првенство.

Ова беше средба која едноставно се играше под тензија затоа што Шпанија не го признава Косово, но на крајот се се заврши и „црвената фурија“ со погодоците на Форналс и Торес дојде до славје кое е исклучително важно во борбата за мундијалот.

Селекторот Луис Енрике беше задоволен од триумфот со тоа што имаше еден интересен коментар.

-Ова беше како породување со компликации. Овие типови на натпревари се секогаш тешки. Септември не е најдобриот месец за натпреварување, тоа е месец во кој се уште не сте во натпреварувањето. Тоа не чинеше од почеток, но на крајот ги освоивме трите бода. Тимовите се изедначени, нешто што го видовме со резултатот на Грција и Шведска.

-Пласманот зависи од нас, но имаме уште два натпревари за пласман на Светското првенство. Еден ќе биде против Шведска и веќе видовме на ЕП колку тесен ќе биде тој меч. Само затоа што се зависи од нас, не значи дека ќе го постигнеме. Тешко е да се победат два, три или четири натпревари по ред, -порача Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни