Енрике: Не ми е важна возраста на играчите, од нив ќе барам една работа

enrike

Луис Енрике денеска и официјално беше претставен пред јавноста како предводник на селекцијата на Шпанија. Ова за некогашниот предводник на Барселона, Рома и Селта Виго е голем тест и предизвик особено по неуспесите на „црвената фурија“ на неколку натпреварувања во низа.

Сепак Енрике не се плаши од одговорноста и испрати јасни први пораки  за тоа што неговиот тим ќе го игра. Тој воедно најави промени во играчкиот кадар или поточно нема да прави еволуција, туку ќе ги користи најдобрите, најквалитетните играчи без разлика на нивната возраст.

-Нема да има револуција, но ќе има промени. Не ми е гајле за возраста, дали некој има 30 години … не е важно. Неопходно е да се еволуира, тоа е задолжително, а на мојата прва листа сигурно ќе има изненадувања, -порача Енрике.

-Ќе го третирам секој играч на различен начин, понекогаш со прегратка, но немам никаков проблем со цврстата рака. Јас не сум нивен пријател и имам минимални стандарди на соживот. Ќе има максимално почитување кон сте сите и немам никаков проблем со кој било играч. Се што барам е да бидеме агресивни кога ќе ја имаме топката и има играчи за мојот начин на разбирање на фудбалот. Да се биде тренер е голема одговорност, отсекогаш сум бил свесен за тоа, -истакна популарниот Лучо.

Facebook Коментари