Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике „избришал“ ѕвезда на ПСЖ за дербито со Арсенал во ЛШ

Објавено

на

Фото:twitter.com/PSG_English

Пари Сен Жермен утре (21 часот) има тешко гостување кај Арсенал во дерби натпреварот од Лигата на шампионите, средба за која тренерот Луис Енрике одлучи да преземе (не)очекуван потег и да избрише еден од главните играчи.

Имено ПСЖ веќе го објави списокот на повикани играчи за средбата на „Емирејтс“, листа на која дефинитивно го нема офанзивецот Усман Дембеле.

Повеќе извори пренесоа дека Дембеле влегол во конкфликт со Енрике по лигашкиот меч со Рен, двајцата имале разговор на висок тон што на крајот придонесе стратегот да се откаже од францускиот репрезентативец за соочувањето со „топчиите“.

Дали оваа дисциплинска мерка ќе важи само за утре останува да видиме, но повеќе од јасно е дека Дембеле ќе му фали на ПСЖ во Лондон.

Тоа што е позитивно за „светците“ е што Витиња е дел од групата и конкурира за настап.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни