Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике: Има само една опција за ПСЖ на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Утре ќе ги добиеме првите патници во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а натпреварот кој привлекува најмногу внимание  е оној во Ливерпул каде домашниот состав ќе го пречека Пари Сен Жермен.

„Светците“ му одржаа фудбалска лекција на премиерлигашот на „Паркот на принцовите“, меѓутоа сета таа доминација, упатени скоро 30 удари беше залудна затоа што гостите се извлекоа и на крајот дури и славеа со 1-0 со голот на Елиот.

Сега следи „второ полувреме“ од тоа соочување, битка која ја најави тренерот Луис Енрике кој јасно и директно порача дека неговиот тим оди на победа на „Енфилд Роуд“.

-Пред нас е само една опција – победа. Не сакам да правам никакви калкулации. Сè е многу едноставно: мора да играме за конечен успех од првата минута. Убеден сум дека сите мои играчи сакаат да учествуваат на натпреварот.

-Сите сакаме да покажеме дека можеме да одиграме одличен натпревар. Ова е нашата мотивација. Но, исто така е важно да можеме да ги контролираме нашите емоции. Нашата цел е секогаш иста: да покажеме дека сме подобри од противникот. Ако ја имаме топката, што е главната работа во нашата игра, ќе можеме да го покажеме најдоброто од себе и ќе видиме што ќе се случи, -истакна популарниот Лучо.

Средбата е закажана за терминот од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни