Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике: Го сакаме трофејот во ЛШ, Мбапе…

Објавено

на

Пари Сен Жермен го доби и вториот меч против Реал Сосиедад и со вкупни 4-1 избори место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Двата гола за „светците“ во Баскија ги даде Килијан Мбапе кој уште еднаш покажа колку е важен за овој тим иако е на излезна врата од истиот.

-Среќни сме и задоволни. Мислам дека сме константни во текот на целата сезона – храбри и амбициозни, на теренот излегуваме со желба за победа, а не за шпекулации. Одигравме многу добар натпревар и го запревме Сосиедад. Сè помина совршено, извонреден однос на моите играчи.

-Јас не треба да управувам со Килијан, тој самиот се снаоѓа. Тој денеска беше повеќе фиксиран во својата позиција отколку што обично препорачуваме. Секогаш на прес-конференциите кажувам дека Килијан има слобода каде и да игра. Денеска повеќе беше фиксиран на левата страна бидејќи тоа беше во интерес на тимот. Кога Мбапе е оставен добро позициониран во последната третина од теренот, тој е смртоносен, -рече тренерот Луис Енрике кој смета дека екипата може да дојде до пехарот во елитното натпреварување.

-Никој нема поголема желба да го направи тоа од нас. Нема тим што се пласираше во четвртфиналето со поголема желба за победа од Пари Сен Жермен. Сепак, не чувствуваме никаков притисок. Воопшто не. Никогаш не сме ја освоиле Лигата на шампионите, но прашајте ги нашите ривали дали сакаат да играат со ПСЖ, -заклучи Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни