Енис рамо до рамо со Меси: „Снајперистот“ Барди има два од десетте најатрактивни погодоци во Примера (Видео)

bardi-leganes

Македонскиот репрезентативец ас, Енис Барди имаше извонредна прва сезона во елитниот шпански фудбал во дресот на Леванте каде постигна девет погодоци.

Најголемиот дел од нив беа од прекини и тоа по фантастично изведени слободни удари, па Енис за тие ремек дела доби награда и признание. Имено две негови мајстории против Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња се најдоа на Топ 10 листата на најдобри и најтрактивни голови од слободен удар.

Едниот се наоѓа на позицијата број седум, вториот на местото број два и тоа веднаш зад Лионел Меси и неговиот гол против Лас Палмас. Во ова друштво само Меси е застапен со повеке голови (вкупно три), а на листата освен Македонецот и Аргентинецот се Гризман, Вас, Гуардадо, Ел Хадади и Тимор од Џирона. Уживајте!!!

Facebook Коментари