Поврзете се со нас

Англија

„Енфилд“ обоен во црно: Ливерпул жали за смртта на својот легендарен капитен (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Лиерпул денеска со голема тага ја потврди веста која почна да кружи во Шкотска, односно и соопшти на јавност дека денеска за последен пат се збогува од легендарниот капитен Рон Јејтс.

Поранешниот славен дефанзивец починал вчеравечер на 86-годишна возраст опкружен од своето семејство, откако изминативе неколку години се борел со Алцхајмер.

Ливерпул со голема тага ја потврди веста за дефанзивецот кој мина точно 10 години на „Енфилд Роуд“, па токму поради тоа стадионот на англискиот великан денеска ќе биде обоен во црно.

Исто така, Ливерпул како клуб објави дека знамињата во сите клупски локации ќе бидат поставени на пола копје како знак на почит кон незаборавниот капитен, кој како лидер на „црвените“ успеал да освои 2 титули во Првата лига и една ФА Куп.

Во својата богата кариера, Јејтс одиграл точно 454 натпревари како играч на Ливерпул, на повеќе од 400 бил капитен, а само Стивен Џерард е играчот кој повеќе пати од него ја има носено капитенската лента на великанот од „Енфилд Роуд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни