Поврзете се со нас

Шпанија

Ендрик заигра „фут-волеј“ на плажа, фановите на Реал изненадени од неговиот изглед (Видео)

Објавено

на

Младиот Ендрик имаше мал излет во шпанската престолнина и се запозна со најважните претставници на Реал Мадрид, клуб кој ќе биде негов нов дом започнувајќи од јули наредната година.

Суперталентираниот Бразилец важи за еден од најнадежните фудбалери во светот и тој успеа да стане национален шампион на само 17 години, но покрај квалитетот кој го поседува, Ендрик се издвојува од врсниците и по нешто друго.

За разлика други голобради момчиња кои веќе дебитираа во Европа, Ендрик веќе се има изградено и на физички план, па неговиот изглед почна да ги зачудува и изненадува навивачите на Реал.

Во изминатите неколку часа се појави видео од Бразил на кое Ендрик игра „фут-волеј“ со свои пријатели, на кое посебно до израз доаѓаат неговите неверојатно големи нозе, кои дефинитивно потсетуваат на неговиот сонародник Роберто Карлос.

Новото засилување на Реал се прикажа во вистинско светло со неколку акробации, но сепак најголемо внимание привлече изгледот на неговите нозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни